Нема потреба од враќање на полицискиот час, нема резултати, тврди Арифи

by Fokus

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и покрај зголемените бројки на заразени и починати од Ковид 19 истакна дека е за олабавување на мерките и дека не е за повторно воведување на полициски час во Тетово.

„После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати. Минатава недела на телевизиите имаше неколку прилози од Инфективна клиника и со тоа многу поверодостојно ќе може да се убедат овние граѓани кои се скептици за постоењето на вирусот. На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати“, изјави градоначалничјката Арифи.

Поврзани новости