Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Шилегов зашто викендот бил во Маврово

by Fokus

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, да си даде оставка бидејќи тврдат, покрај морална, има и кривична одговорност затоа што бил во Маврово изминатиот викенд кога главниот град беше во карантин.

„Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој она што го направи е избега од Скопје во Маврово и не беше под карантин. Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб што пак повлекува и кривична одговорност. Шилегов поради морална и кривична одговорност треба да си даде оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости