Нема потреба од тајна средба со Мицкоски, вели Ковачевски

by fokus

Не гледам дека има потреба да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор – дали во Клуб на пратеници, во Собрание, на улица „Македонија“ во некое кафуле, вели Ковачевски коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски дека тој нема да прифати никакви тајни средби со него.

Тој вели дека кога ќе биде договорена средбата таа ќе се одржи на јавен простор, затоа што нема потреба од, како што рече, тајни средби.

„Ќе видиме кога ќе договориме средба. Имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменичка-претседателката на СДСМ“,рече Ковачевски.

Поврзани новости