Нема нови мерки по првиот случај на Омикрон и празниците

by fokus

По првиот случај на Омикрон во Македонија, католичкиот Божик и пред претстојните новогодишни и божикни празници, здравствените власти немаат намера да воведат нови ресгтриктивни мерки и ограничувања.

Според податоците од МВР, од вчера до денеска напладне во земјава влегле над 34 000 возила на граничните премини во земјава, од кои 15 000 биле со странски регистерски таблици.

На граничните премини се уште е на сила мерката со која при влез во земјава е потребен сертификат за вакцинација, или ПЦР тест не постар од 72 часа, или антиген тест не постар од 48 часа. Во спротивно секој патник оди во задолжителен карантин од 10 дена.

И покрај сојот Омикрон и празниците, министерот за здравство, Венко Филипче смета дека не се потребни нови мерки.

-Масовни собири има насекаде, сите овие денови. Еве празниците се сега пред нас. Верувам дека ако се почитуваат мерките епидемиолошката состојба ќе остане стабилна. Во нашите болници бројот на пациенти кои се хоспитализирани, во огромен број е бројка на пациенти кои не се вакцинирани. Недостасуваат некаде 350 до 400 илјади граѓани кои треба да се вакцинираат, за да се постигне сериозен опфат на вакцинација, вели Филипче.

Првиот случај на Омикрон во Македонија беше регистриран вчера, а деновиве први случаи на овој сој се регистрирани и во регионот. Според првичните истражувања, овој сој се шири побрзо, но кај заразените има помал ризик од хоспитализација.

Поврзани новости