427
Претседателот на парламентот Трајко Велјановски го одложи поединечното гласање за секој од 31-те пратеници на опозицијата и најави дека дополнително ќе закаже термин кога ќе биде обезбедено потребното мнозинство.
Ова е епилог откако денеска не беше обезбедено потребното двотретинско мнозинство од 82 пратеници, колку што се неопходно за одземање на пратенички мандат.
Належната собраниска комисија веќе утврди дека опозициските мандати треба да бидат одземени поради неоправдани отсуства.