Нелоски: Благодарение на Груевски, младите стојат рамо до рамо со младите од Европа

by Fokus

Со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, но најмногу благодарение на нашиот лидер Никола Груевски, денес младите стојат рамо до рамо со младите од Европа, рече претседателот на УМС, Владимир Нелоски, на денешното одбележување на 25-годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

– Не можат да уништат онолку колку што ние можеме да создадеме. Ние не сме салонска организација како други, туку постојано сме на терен затоа што УМС работи 24/7 за доброто на Македонија. И покрај кризата која ја креира СДСМ, УМС не дозволи да запре реализацијата на проектите за младите. Ние работевме со силен интензитет и секогаш бевме на браникот на татковината и за интересите на младите. И токму затоа УМС пред неполни два месеца го доби 55-илјадитиот член што е показател дека сме на прав пат – порача Нелоски.

Поврзани новости