Нелегално увезени работници од Турција, Албанија и Косово протерани од државава

by Fokus

Тројца градежни работници од Турција, двајца од Албанија и еден од Косово се затекнати на градилиште без работни дозволи. Сите се протерани од државава и забранет им е влез, соопштија од МВР.

„На 05.04.2023, инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд извршија контрола на градилиште во Велес. При контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи. Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето. Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој им изрекол парични глоби и мерка протерување и забрана за влез во државата“, велат од МВР.

Поврзани новости