Кина три години крие податоци за потеклото на короната

by Fokus

Највисокиот експерт на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 ги опомена кинеските научници дека три години задржуваат податоци од примероците на вируси од Вухан, објави американското списание „Сајнс“ (Science).

–Неоткривањето податоци е едноставно неоправдано, рече Марија Ван Керхове, во невообичаено остра критика, јави ДПА.

СЗО во средината на март годинава прими податоци за одредени генетски информации од централната кинеска метропола. Податоците даваат важни индикации за пазарот во Вухан и првичното ширење на вирусот. Од СЗО велат дека се уште се неопходно тестовите на крвта на работниците од сточните пазари во Вухан или од фармите на потеклото на животните.

Керхове побара итно да сс достават релевантни податоци за потеклото на вирусот. Колку повеќе време поминува, толку потешко станува истражувањето што е важно за спречување на идни епидемии, рече таа.

Изјавите на директорот на ФБИ Кристофер Вреј на почетокот на март повторно ги разгореа шпекулациите во САД за лабораториска грешка во Кина како потекло на коронавирусот.

Ван Керхове нагласи дека сите хипотези за потеклото на вирусот ќе останат во оптек сè додека Кина не обезбеди доволно информации. На пример, Кина сè уште ги нема дадено резултатите од своите лабораториски тестови. СЗО, исто така, сè уште нема пристап до необработени податоци за првите случаи на коронавирус во Кина.

Поврзани новости