Негативен е тестот за корона вирус на портпаролката на СДСМ

by Fokus

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска информираше дека нејзиниот тест за новиот корона вирус е негативен.

Притоа, таа посака и побрзо оздравување на сите кои се позитивни и се борат со оваа зараза.

„Негативен е тестот на Covid- 19. Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи. На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување“, напиша таа.

Поврзани новости