Неделковски разгласи дека вработените во ВМРО-ДПМНЕ три месеци не земале плата

by fokus

Водителот Миленко Неделковски на својот портал „Дудинка“, објави дека партијата ВМРО-ДПМНЕ се соочува со сериозни финансиски проблеми и дека вработените во седиштетот на оваа партија три месеци работат без плата.

„Од вработените во ‘палатата’ разбравме дека во партијата ВМРО-ДПМНЕ службениците немаат земено плата 3 (и со зборови ТРИ) месеци плата. Засега, тоа бил дострелот на ‘реформаторите’ вклучени во ИК и другите служби на партијата“, пишува Неделковски во текст објавен вчера.

Од партијата, пак, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Велат само дека тоа е интерна работа.

Поврзани новости