Неделава бројот на заразени со ковид паднал за 6,4 отсто, а на починати за 41 отсто

by Фокус

Изминатата недела од 21 до 27 септември регистрирани се 890 новозаболени со ковид-19, што е за 6,4 отсто помалку од претходната недела. Исто така, намалување има и кај бројот на починати, кој изнесува 28, што е намалување од за 41,7 отсто во споредба со претходната недела, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје

Ако минатата недела имало 960 нови случаи, оваа недела од од тестираните 9.691 (0,3 отсто повеќе во однос на минатата недела), заклучно со 27 септември, има 890 нови случаи. Воедно, се забележува и намалување на процентот на позитивни случаи од тестираните во овој период, кој изнесува 9.2 отсто или 0.6 отсто помалку во однос на претходната недела.

Најголем број од заболените лица се над 60 години, по што следуваат од 40-49 години, од  30-39 години, а најмалку кај децата од 0-9 и 10-19 години, што е идентично како и претходната недела. Во изминатата недела има 28 смртни случаи, што е намалување од 41,7 отсто во однос на минатата недела. Возраста на починатите е од над 60 години (23), на 50-59 (4) и еден од 40 до 49 години. Сите се починати во болница, при што 25 од нив имале други заболувања.

Поврзани новости