Скандалозна порака на владиката Петар, како народот да гласа на изборите

by Fokus

Не стивнуваат скандалозните политички пораки на митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.

Во велигденското послание, г. Петар, честитајќи го големиот христијански празник, кажа и дека во оваа светла воскресенска седмица, во нашата земја Македонија се одржуваат избори на кои граѓаните ќе изберат претседател и пратеници.

Нашиот народ е мудар и знае да направи правилен избор, вели меѓу другото тој.

На верниците им порача дека должни да гласаат.

„Граѓаните, пак, особено оние од православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот“, истакна владиката Петар.

Поврзани новости