Миланов ќе ја оспори условната затворска казна за Јанакиески во случајот „Насилство во Центар“

by Фокус

Адвокатот Еленко Миланов не е задоволен од условната затворска казна што ја доби неговиот клиент Миле Јанакиески во случајот „Насилство во Центар“.

-Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив,  а одбраната во своите завршни зборови бараше истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но, сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновен и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на  товар – рече тој.

Поврзани новости