Во Скопје има 677 активни случаи на ковид, 107 од нив се од Аеродром

by Фокус

Најголем број од 2.248 активни случаи на ковид 19 во земјава се во Скопје, каде се регистрирани 677 лица.

Притоа, општина со најголем број случаи е Аеродром – 107, по што следуваат Центар со 97, Карпош со 84, Кисела Вода со 80, Гази Баба со 77, Чаир со 54, Ѓорче Петров со 52…

Потоа, во Бутел има 29 случаи, во Илинден 28, во Шутооризари 17, во Сарај 11 итн.

Поврзани новости