Не почна судењето за организаторите на “крвавиот четврток”, обвинетите предложиле по 300 сведоци

by fokus

Судењето за организаторите на “крвавиот четврток” сепак денеска не почна на барање на обвинтетите, бидејќи не ги виделе сите докази на Обвинителството.

На обвинителна клупа седна поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Одбраната побара да се одложи денешното рочиште бидејќи не ги виделе сите докази на Обвинителството, бидејќи дел од нив се во стариот предмет за упадот во Собрание кој бил во Апелацискиот суд.

Без овие докази обвинетите не можеле да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не.

Обвинителката, Вилма Русковска вели дека ова е во насока на одолговлекување на постапката и дека речиси сите докази им се доставени. Таа обелодени дека сите обвинети предложиле по 300 сведоци кои според нејзе судот не треба да ги прифати. Меѓу доказите кои ги предложил Јанакиески е и снимка од изјава на пратеникот Крсто Мукоски, кој беше меѓу амнестираните пратеници во првиот судски процес за 27 април.

Адвокатот Јордан Апостолски тврди дека обвинението е на стаклени нозе и дека нема докази.

Сите обвинети дојдоа од куќен притвор, освен Вељаноски.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости