Во домот на обвинителката Лиле Стефанова, која е дел од тимот на СЈО, вечерва не е извршен претрес, иако дел од медиумите објавија дека тоа се случило. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција за „Фокус“ појаснуваат дека станува збор за шпекулација.
Претходно дел од медиумите објавија и дека е извршен претрес и во домот на Катица Јанева, но како што веќе објави Фокус, и тоа не е точно, туку одземен и бил само мобилниот телефон.
Обвинителката Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“. Овој случај, односно осомничен пак се споменува како можниот сведок од истрагата која ја отвори обвинителството, односно дека тој требало да му плати осум милиони евра на Боки Јовановски за да се спаси од кривичен прогон.
Како што досега пишуваше Фокус, сите одлуки околу овој случај, како тоа осомничените да бидат пуштени во домашен притвор, а потоа и на Орце Камчев да му биде даден пасошот, се одлуки лични на Катица Јанева, а не на Стефанова.
В.В.