Адвокатот Гажоски: Власта и опозицијата одлучија да го уништат имиџот на СЈО за да можат да го укинат

by fokus

Адвокатот Ѓоко Гажоски коментирајќи ја целата ситуација со СЈО и Катица Јанева, во изјава за Фокус вели дека власта и опозицијата одлучиле медиумски да го уништат СЈО за потоа да можат да го оправдаат неговото укинување.

-Драмата трае ли трае, а имиџот на СЈО тоне ли тоне поради одлуката на власта и опзицијата да го уништат медиумски за во блиска иднина да може да ја образложат одлуката и на граѓанството и на надворешниот фактор зошто нема потреба СЈО да опстане и да се трансформира во независно обвинителство со зголемени надлежности и да биде гарант на новото реформирано судство.
Во третиот чин се приклучи и ЈО за гонење на организиран криминал и корупција за да се срози во корен СЈО односно го насочи таргетот кон Специјалната јавна обвинителка.
Никако да разбере ниту власта, ниту опозицијата дека жедта за право и правдина не е поврзано со персонално решение или индивидуа, туку со систем кои ќе му ги гарантираат и заштитуваат нивните човечки права.
Се додека правите ефтини дрмолетки кои се многу провидни и наместо работа и сериозни реформи и ветинг во правосудството, барате изговори и ставате шминки нема оваа држава да биде дом на Јустиција.
Сите политички чинители кои ги прават овие грешки ќе се лизнат на тепихот на Јустиција и ќе паднат во амбисот и заборавот, порачува Гажоски.

К.С.

Поврзани новости