НДМ: Заев да го откачи Бутарис заради достоинството

by fokus 12:24
12:24

НДМ денеска го повика Заев да го „откачи Бутарис“ и новогодишната ноќ да ја помине во земјата.

-Народно движење за Македонија го повикува премиерот Зоран Заев да не оди во Солун на новогодишната прослава по тешкото понижување од солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој, на отворена сцена изјави дека тој не го повикал Заев туку македонскиот премиер „самиот се повикал„ новогодишната ноќ да ја помине во Солун. Истовремено, НДМ изразува голема загриженост од владината реакција која наместо осуда на тешката навреда спрема еден премиер на држава, се обидува да ја оправда изјавата на Бутарис велејќи дека Заев ќе оди во приватна посета во Солун, а за време на посетата само ќе има заедничка вечера со градоначалникот Бутарис, велат од НДМ.

Поврзани новости