Заев во новогодишното обраќање: Некои политички елити мислеа дека правдата нема да ги стигне

by fokus 12:13
12:13

Како одговорен политичар, и како премиер на Република Македонија, силно се противам на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани, вели премиерот во новогодишното обраќање.

-Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив – вели премиерот.
Политиките на поделби на „наши“ и „ваши“ и предизвикување конфликти, градат минато, а не иднина. На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединиме околу овие приоритети, повикува премиерот Зоран Заев во новогодишното обраќање кон граѓаните.
Тој очекува во 2018 Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО, како и чиста препораќа за пристапните преговори со Европската унија, рече Заев.

Поврзани новости