Наутро магла, попладне умерено облачно

by Fokus

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а преку ден времето ќе биде умерено облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во сабота ќе настапи стабилизирање на времето и ќе дува засилен северозападен ветер. Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините каде ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Поврзани новости