Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, одговори на барањето на чичко Драги за прием. Тој со тим ќе го посети чичко Драги во неговиот дом во понеделник, за да види во каква состојба живее и како може Општината да помогне.
Од Општината велат дека со оглед на неговата здравствена состојба, полесно е да го посетат дома, отколку да го повикаат да дојде во Општината. Од таму додаваат дека ќе се разгледаат начините како би можело да му се помогне и дека има повеќе опции.
На социјалните мрежи се споделува апелот за помош и донации наменети за чичко Драги, кој јавноста го знае како препорадавачот со тезга на Рекорд и голем пријател на кучињата. Според апелот чичко Драги, кој боледува од рак, чека резултати и насоки за следна операција.
Тој живее во немаштија и е изнемоштен од болеста. Хуманите луѓе кои сакаат да му помогнат велат дека не може да си обезбеди стерилни памучни гази по операцијата, поради што користел салветки.