Фолк пејачот Наум Петрески со два солистички концерти ќе обележи 35 години на сцената. Јубилејните концерти ќе се одржат во Битола и Охрид, односно на 4-ти август на Хераклеа Битола и на 11-ти август на сцената на Долни Сарај во Охрид.
На двата концерти се најавени специјални гости, а сопругата на Петрески, Зуица Лазова ќе запее пред публиката во Битола и во Охрид. Покрај неа, во Битола ќе гостуваат Татијана Стефановска, Владимир Поповски и групата Боеми. Во Охрид пак, освен Зуица и Владимир Поповски, ќе настапат и Ѓоко Таневски и Милован Секуловски.
Освен концертите во Битола и Охрид, најавена е и промоција на ,,Најдоброто од Наум” во Скопје, но се уште не е прецизиран датумот. Станува збор за најново издание кое ги содржи неговите најголеми хитови, создадени во текот на 35-годишната кариера на музичарот.
Вики Клинчарова