Дизелот поскапува, цените на бензините остануваат исти

by Фокус 12:55
12:55

Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини 95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 95,50 денари за литар, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 и натаму ќе биде 98 денари, екстра лесното масло ќе се продава по 94 денари, додека мазутот по 53,343 денари за килограм.

Поврзани новости