НАТО мора да дејствува трезвено за да не избие Трета светска војна

by Fokus

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги предупреди сите оние кои бараат поголем ангажман од НАТО и воена помош за Украина, дека Алијансата мора да дејствува трезвено и внимателно за да не избие Трета светска војна.

– Очигледно НАТО не е во војна бидејќи тоа може да значи Трета светска војна. НАТО мора да дејствува трезвено и претпазливо. Путин исто така дејствува претпазливо. Имајте предвид дека тој не ја напаѓа западна Украина, таму нема руски војници, рече полскиот претседател во интервју за провладиниот неделник Сјеќи, пренесува Бета.

Поврзани новости