Насилниците доколку влетаа во контролата на летање на аеродромот во Њујорк, Париз или Атина немаше ни да влетаат, веднаш ќе беа „решени“, вели Ангелов

by Fokus

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и претседател на политичката партија „Достоинство“ се огласи на Фејсбук по однос на случувањата во македонската навигација каде и тој две години работел како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ.

Пред да бидам именуван за директор на ЦУК, две години работев како помошник за безбедност на системи и уреди во Секторот за воздухопловна техника на М-НАВ во објектот на скопскиот аеродром. Во тој период лично запознав дел од вработените и слободно можам да кажам дека најголемиот дел од нив се извонредни луѓе, посветени професионалци кои се грижат за безбедноста на воздухопловите на нашето небо и аеродроми. Како човек кој имал можност непосредно да се запознае со системот за управување и контрола на воздушниот сообраќај во Македонија, давам целосна подршка на Синдикатот на контрола на летање, но и честитки за нивната борбеност и истрајност“, пишува Ангелов.

Како што вели, во ваква чувствителна институција од која зависи безбедноста на патничките авиони и на сите останати воздухоплови кои го надлетуваат нашето небо, слетуваат, полетуваат или оперираат на територијата на Македонија, мора да постои строга селекција при вработување преку која ќе се изберат најдобрите кандидати, во согласност со европските регулативи.

Поврзани новости