Напладне продолжува координативната средба

by fokus

Координативната средба на парламентарните партии ќе продолжи денеска во 12 часот. Средбата започна вчера, а беше прекината откако партиите не успеаја да се договорат за претседател на Комисијата за избори и именувања.

Вчера партиите се договорија за составот на Комисијата: ВМРО-ДПМНЕ треба да има 6 члена, СДСМ – 5, ДУИ и БЕСА по еден член.

Денеска партиите треба да ги договорат имињата на членовите, а треба да биде постигнат и договор за продолжување на конститутивната седница на Собранието.

Поврзани новости