Наместо во сабота, забавната манифестација во Неготино ќе се одржи во недела

by Fokus

Најавената забавна манифестација „Неготинско младо вино“ наместо на четврти ноември (сабота), ќе се одржи на 5-ти ноември (недела). Како што информираат од општината, која е организатор на настанот, одложувањето е поради најавите за лоши временски услови во сабота.

На забавниот настан ќе се промовираат традиционални специјалитети од неготинскиот регион – младо вино, пита, маџун, мед…

Ќе настапат голем број на локални музички имиња, помеѓу кои Благица и Дуо Фортисимо, Акустико Лајт, Ексклузив Бенд, Група Чардак, Ѓоко Ѓорчев, Нели ти реков, Ориентал Бенд и Лидија и Трио Гранде.

„Неготинско младо вино“ годинава се одржува за првпат, а како што најави градоначалникот д-р Горан Стојанов, планирано е манифестацијата да стане традиционална, и се очекуваат голем број на посетители на градскиот плоштад.

Почетокот на настанот е од 15 часот и ќе трае до 21 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости