Наместо гориво во службени возила, стружани бесправно набавувале гориво за приватните автомобили

by fokus

Тројца стружани заработија кривична пријава поради злоупотреба на службената положба, пренесува МВР.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.З.(53) од село Делогожда, струшко, Р.И.(48) од село Горно Татеши, струшко и против Б.В.(45) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2018 до 23.06.2018 пријавените како возачи во „М-НАВ“ АД Скопје-АКЛ Охрид, со картички за гориво од бензинска пумпа, кои биле наменети за набавка на гориво за службените возила на наведената компанија, набавувале гориво за приватни возила за што прикажувале лажни сметки и налози. Со ова пријавените на „М-НАВ“ АД Скопје му нанеле материјална штета од 382.363 денари.

Поврзани новости