747
Триесет нови случаи на корона вирус се регистрирани денес во Кавадарци, десет во Неготино, пет во Росоман и два во Демир Капија.
Најмладиот има 17, а пак најстариот, жител на Демир Капија има 97 години – известуваат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Тој е досега највозрасниот регистриран позитивен пациент во Тиквешијата. Од почетокот на пандемијата во овој регион се инфицираа 3.002 лица.
Вики Клинчарова