Мицкоски вели дека немал контакт со Груевски дента кога се случи упадот во Собранието

by Fokus

Во одговор на прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на 27 април немал никакви контакти со првообвинетиот Никола Груевски, кој кога се случуваа настаните во Собранието беше во Виена.

-Немав никакви контакти преку денот, а вечерта дојде од пат тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски имавме Извршен комитет и тоа беше единствениот контакт кој што го имав тој ден со него, потенцира Мицкоски.

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжи со испитување на повеќе сведоци од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости