Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка и во Виница

by irena 10:09
10:09

Управата за хидрометеоролошки работи ги изнесе податоците за наврнат воден талог во изминатите 24 часа.

Најмног дожд во изминатото деноноќие наврна во Крива Паланка, каде беа регистрирани 91 литар на метар квадратен. Следуваат Виница со 68 литри на метар квадратен, па после нив Берово со 46, Прилеп 27, Тетово 16, Штип 14. Во Скопје наврнаа 13 литри на метар квадратен.

Дожд имаше и во Битола (9 литри на метар квадратен), потоа во Куманово и Крушево по седум литри, Демир Капија пет, Претор два.

Во моментов врнежи од дожд има во гевгелиско-струмичкиот регион.

Слични вести