Четиримесечно бебе е најмладиот пациент со Ковид 19 во тетовско

by Fokus

Најмладиот пациент во тетовско со Ковид 19 е 4-месечно бебе, а заразено е и 4-годишно дете. Тие се заразиле од своите родители, а случајот е од пред два дена, истакна Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје.

– Имаме нов кластер во општина Желино. Повеќето се контакт случаи и можеби ова е добра вест бидејќи кластерите се познати – рече Скендери.

Во тетовскиот регион забележани се девет нови случаи со Ковид-19.

 

Поврзани новости