Комисијата за заразни болести исполнува политички нарачки, порача Мицкоски

by Fokus

Коронавирусот одзема животи, а Комисијата за заразни болести не е на нивото на задачата и главниот проблем е што се исполнуваат политички нарачки, наместо да се носат одлуки за заштита на здравјето, обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Во ситуација кога се вклучува политичкиот калкулатор за броење на новозаразени, а со цел да се глуми нормалност наместо реално да се тестира, секоја погрешна одлука ќе се врати како бумеранг со поголеми проблеми од претходно. И не сме веќе влезени во слепа улица поради клучните амбиции на Заев, кариерата на Спасовски или диктатите врз комисијата, туку државава се движи во еднонасочна улица во сосема спротивната страна од насоката на движењето. Сите држави околу нас излегоа како победници од кризата, а ние се претвораме во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија“, порача Мицкоски.

 

Поврзани новости