Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, во близина на границата со Авганистан.
Нападот бил извршен во округот Бану, каде што доцна во текот на ноќта автомобил натоварен со експлозив удрил во полициска контролна станица.
По силната експлозија следувала интензивна престрелка.
Одговорноста за нападот ја презеде вооружената група Итехад-ул-Муџахидин.
„Најмалку 15 полицајци беа убиени“, изјави за ДПА регионален полициски службеник.
Тој додаде дека уште тројца полицајци биле повредени во нападот.
Во моментот на нападот, во полициската станица се наоѓале вкупно 18 полицајци.
Силната детонација целосно го уништила полицискиот објект, а било уништено и оклопно возило.