Најчевска за Груевски: Некој многу свесно решил да го пушти да побегне

by fokus

Професорката Мирјана Најчевска во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека Никола Груевски имал доволно моќ и мрежа во и надвор од Македонија за многу лесно да може да побегне.

-Како дел од Хелсиншкиот комитет бев против злоупотреба на институтот притвор. Во случајот на вака високи функционери јас уште од почеток реков дека Груевски тој мора да е во притвор и скраја од памет е дека нема да побегне ако не го ставите во притвор. Тој не е обичен граѓанин тој има пари ,моќ , тој можел да плати да поткупи, да уценува, има мрежа дома и надвор но, мислам дека со такви мерки на следење од почетокот ,некој многу свесно на многу високо политичко ниво решил да го пушти да побегне, рече Најчевска.

Поврзани новости