156
Популарниот фестивал на народна музика ,,Роса Фест” го најави своето 24-то фестивалско издание, кое ќе се одржи на 5-ти март во салата на Домот на АРМ во Скопје.
Иако фестивалот е од ревијален карактер, сепак се предвидени три награди за животно дело, од кои едната секогаш е постхумна.
Годинава наградени се Цветанка Ласкова, Орце Зафировски и постхумно – Тодор Трајчевски.
Најавено е учество на голем број популарни имиња од фолк сцената помеѓу кои Благица Павловска, Благоја Грујовски, Сузана Гавазова, Стојне Николова, Ирена Спасовска и многу други.
Уметнички директор на фестивалот е Бобан Мојсовски, а влезниците по цена од 300 денари се пуштени во продажба.
Вики Клинчарова