Над 2.000 здравствени работници поминаа онлајн-обука за справување со корона вирусот

by Fokus

За три седмици, речиси 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари  од јавните здравствени установи во земјава, поминале онлајн-тренинзи за справување со Ковид-19, информира Министерството за здравство.

„Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал, се заболени со КОВИД-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствени работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се даде адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој“, велат од МЗ.

Поврзани новости