Над 10 илјади Македонци се вакцинирале во Врање

by fokus

Во Врање досега се вакцинирани 10.390 македонски граѓани со првата доза од вакцина против ковид-19, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 лица од земјава, објави МИА.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број примени прва и втора доза од сите достапни вакцини изнесува 68 548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 10.390, додека бројот на вакцинирани од Босна и Херцеговина е пет.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм’, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“.

Поврзани новости