Македонска туристка спасена од давење

by fokus

Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристанишен град Шенѓин, каде била на одмор, обави Ора њуз.

Станува збор за 70-годишна жена од Северна Македонија, која кога почнала да се дави и помогнале капачи во нејзина близина.

Ја извадиле на брегот, по што веднаш била пренесена за потребна лекарска помош во болницата во Лежа.

Поврзани новости