На што ги „фрла“ своите милиони Леонардо ди Каприо?

by Fokus

Еден од најдобрите актери во Холивуд, но и еден од кои најмногу заработуваат, Леонардо ди Каприо не е од оние кој не знаат да уживаат во животот, но и паметно ги троши парите.

Неговото богатство се проценува на околу 260 милиони долари, а ова се само неколку од работите на кои Ди Каприо ги троши парите.

Фонд за Амазонија

Пред неколку дена Ди Каприо објави како “Earth Alliance”, Фонд за животна средина, неодамна основан со филантропи Лорин Пауел и Брајан Сет издвои 5 милиони долари за да помогне во пожарите во Амазон.

Егзотични миленици

Ди Каприо е љубител на животни, а ужива да го поминува слободното време со своето симпатично милениче. Актерот поседува африканска желка која може да живее до 80 години.

Брзи автомобили 

Лео беше голем обожавател на “Fisker Automotive” пред да банкротираат, а вложуваше како нивни бренд амбасадор. Познато е и дека се занимава со трки во Формула 1 и да вози Тојота Приус и Тесла Роадстер.

Боновата гитара

Леонардо потроши 100.000 долари на гитарата на Боно Вокс на добротворна аукција како би собрал пари за Хаити по земјотресот во 2010 година.

Фигури од Војна на ѕвездите

Дикаприо е голем обожавател на филмовите „Војна на ѕвездите“, па многу од сопствените пари ги вложил во колекција на нивните фигури. Во еден момент поседувал 150 фигури, како и околу 200 роботи и отприлика исто толку играчки на суперхерои.

Приватен остров

Во 2005 година, Ди Каприо купи приватен остров крај брегот на Белизе за 1,75 милиони долари. Таму тој помогна да се изгради еко-одморалиште што работи според принципот на обновлива енергија.

Луксузни јахти

Обично ги изнајмува. Тој еднаш ја изнајмил петта најголема јахта во светот, вредна 678 милиони долари, само за да гледа фудбал со пријателите.

Сопственик на череп на диносаурус

Во еден момент, тој исто така поседувал череп на диносаурус во вредност од 35 до 40 000 долари. Тој го продаде на Расел Кроу во 2008 година, кој го објави на аукција минатата година.

Поврзани новости