На секои 100.000 вработени загинуваат 4-5 работници, најмногу во градежништвото

by Фокус

По повод 28 Април – Светски ден на безбедност и заштита при работа, денеска на иницијатива на Македонско здружение за заштита при работа беа засадени 33 дрвца во паркот во Општина Лисиче, во чест на 33 работници кои лани го загубија живот на работното место. Според годишниот извештај за несреќи при работа што го презентираше претседателот на МЗЗПР Милан Петковски, Скопје е град со најголем број несреќи, а по него следуваат Гостивар и Штип.

– Лани се случиле 124 несреќи при работа. Од нив 33 беа фатални. Така, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 4,34 односно на секои 100.000 вработени, загинуваат четири до пет вработени. Стапката на смртни случаи при работа е зголемена во споредба со 2017 година, кога изнесувала 3,22 – рече тој.

Тој додаде дека најмногу несреќи има во градежништвото, дејности на домаќинствата како работодавачи и домаќинствата што произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.

Поврзани новости