На пешачки во Штип прегазени се две ученички

by Fokus

Две ученички од прва и втора година од ЕМУЦ „Коле Нехтенин“ од Штип изутрината околу 7:20 часот се повредени. Во нив удрил „цитроен“, управуван од 28-годишен штипјанец. Девојчињата се однесени во Клиничката болница, каде им е укажана лекарска помош.

„Денеска (10.10.2023) околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип“ – соопштија од СВР Штип.

Според информациите, едното од девојчињата имало скршеници, додека другото, како што потврдија од Клиничката болница, поминало само со лесни телесни повреди.

 

Поврзани новости