На лице со церебрална парализа и неговото куче-придружник им бил забранет влез во автобус на ЈСП?

by fokus

На Александар Велески, кој долги години боледува од церебрална парализа, не му бил дозволен влез во автобус со број 7 на ЈСП, заедно со неговото куче-придружник Бен.

Оваа информација ја изнесе самиот Велески на својот профил на Фејсбук.

Фокус се обиде да стапи во контакт со Велески, со цел да ни ја раскаже целата ситуација, но досега не добивме никаков одговор од него.

Од друга страна пак, ЈСП не информираа дека за случајот дознале преку социјалните медиуми, но најавија дека доколку се потврди информацијата на Александар, возачот на автобусот ќе биде санкциониран.

„За случајот дознавме преку „Фејсбук“. Веднаш преку порака го исконтактиравме Александар да ни објасни за случката, но, се уште ни нема одговорено.

Во меѓувреме, телефонски стапивме во контакт и со неговиот татко кој немаше никаква информација за настанот. Поради работни обврски, ни рече дека во текот на попладнето ќе не исконтактира и подетално информира за случајот.

Што точно се случило, истражуваме и преку нашата внатрешна контрола.

Доколку се потврди дека возачот не го пуштил Александар со Бен да влезе во автобус, од нему познати причини, ќе биде соодветно санкциониран“, не информираа од ЈСП.

Одлуката за влез на лица со посебни потреби со куче ја донесе токму ЈСП, со цел полесно извршување на обврските.

Поврзани новости