Албански малолетник тешко повреден при пад од објект во Гостивар

by fokus

Шеснаесетгодишен албански државјанин се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од тераса од висина од над шест метри при работа на објект во Гостивар.

Случајот бил пријавен вчера околу пладне во Полициската станица Гостивар.

Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи на објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР во редовниот дневен Билтен.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости