На избори без прочистен Избирачки список

by fokus

На четири дена до изборите закажани за на 11 декември, се уште стигаат пријави од граѓани за изборни нерегуларности и лажни гласачи во Избирачкиот список.

Најмалку 30 пријави деновиве стигнале до граѓанската акција „Ние одлучуваме”, отворена за пријавување на повреди на избирачкото право.  Тие алармираат дека и по затварањето на списокот, граѓани повторно се јавуваат дека фантомските гласачи кои ги пријавиле се уште фигурираат на нивната адреса.

Од организазијата предупредуваат дека ДИК со своето несовесно работење и непостапување по пријавите од граѓаните за бришење на непостоечките гласачи, ќе придонесе за злоупотреба на тие гласови.  „Ние одлучуваме” денеска ги повика институциите да рагираат и да поднесат кривични пријави против ДИК.

Дојави за изборни нерегуларносит вчера стигнаа и од центарот за слобода ЦИВИЛ, кој алармираше дека гласачи кои биле пријавени пред затворањето на Избирачкиот список, сега без објаснување биле избришани од списокот.

Граѓанските организации нагласуват и дека, како што се приближува денот на изборите, луѓето кај нив се повеќе пријавуваат и случаи на притисоци и поткуп, но не се осмелуваат да пријават во полиција, бидејќи не веруваат дека нешто ќе биде преземено.

Од ДИК пак, на денешната средба со премиерот Емил Димитриев, која беше зад затворени врати, не ги спомнаа пријавите за изборни нерегуларности. Во владините соопштенија за средбата, се вели дека претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, убедувал дека Избирачкиот список е прочистен и заклучен и дека сè е подготвено за одржување на фер и демократски избори.

Поврзани новости