Ахмети за 24 Вести: Нема преговори, нашата понуда е „земи или остави”

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за 24 Вести, вели дека неговата партија за влегување во Владата, ќе инсистира на официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.

-Целосната двојазичност во земјава, консензуалното носење одлуки, економската рамноправност и консензуалноста на носење на буџетот, се столбовите на рамковниот договор и во следниот мандат тој ќе се финализира.Токму затоа платформата на ДУИ ќе биде „земи или остави“ понуда за ДУИ да влезе во Владата – вели Ахмети за 24 Вести.

Лидерот на ДУИ порачува дека следниот мандат ќе биде трежок и мандат за носење тешки одлуки , како решавање на спорот со името.

Во однос на аферата со масовното прислушкување, Ахмети вели дека не е ништо спорно што се прислушкувало, туку проблемот бил што снимките излегле во јавност.

-Секоја држава прислушува. Јас сум им кажал дека државата ме прислушала кога премиер беше Бранко Црвенковски и министер за внатрешни работи Хари Костов, исто му кажав и на Никола Груевски кога беше премиер и Гордана Јнакуловска минситер за внатрешни работи. Она што ме вознемири е фактот дека некој ги дистрибуирал прислушуваните разговори и тие се продаваат на Бит-пазар, во Косово, Софија, Истанбул-  вели лидерот на ДУИ.

Поврзани новости