Мета: Отпечатени дури 80 000 пробни гласачки ливчиња

by fokus

Печатницата „Киро Дандаро“, која официјално ги печати гласачките ливчиња за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември, во саботата попладне отпечатила 80.000 ливчиња повеќе заради тестирање на опремата за печатење, јави „Мета“.

Вработени во печатницата „Киро Дандаро“ за „Мета“ потврдуваат дека печатницата отпечатила повеќе ливчиња од потребното, но дека останува прашањето дали тие ќе бидат поништени и дали се со сериски број.

– Отпечатени се поголем број ливчиња, што не е невообичаено. Често се печатат повеќе примероци за да се види дали е погоден фонтот, бојата и други технички карактеристики. Но, сепак, бројот на отпечатени ливчиња е далеку поголем од нормалното. Прашањето е дали овие ливчиња ќе се поништат, дали ќе се складираат за да се знае дека биле пробни и дали се отпечатени со или без сериски број – вели вработен во „Киро Дандаро“, кој побара да остане анонимен.

Целиот текст прочитајте го тука.

Поврзани новости