На Инфективната клиника 65 пациенти се на кислородна поддршка, а во „8 Септември“ тројца заразени се на респиратор

by Fokus

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 594 новозаразени пациенти, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

-Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на Ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19, се вели во соопштението на министерството за здравство.

Оздравени се 162 пациенти, а во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.617 тестирања.

Поврзани новости