На граничните премини нема подолги задржувања, на „Блаце“ пренасочување на товарниот сообраќа

by irena 08:09
08:09

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 6.30 часот на граничниот премин „Блаце“, поточно кај бензинската пумпа „Дизел“, товарниот сообраќај е пренасочен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични вести