На Гешкоска за шест дена и истекува мандатот, но уште шест месеци ќе шефува со скопското обвинителство?

by fokus 11:56
11:56

За шест дена и истекува четиригодишниот мандатот на скопската јавна обвинителка Гордана Гешкоска, која на оваа позиција беше избрана на 15 мај 2013 година. Според неофицијални информации, Гешкоска нема да конкурира за повторен мандат, туку ќе се врати на старата позиција, заменик на актуелниот републички јавен обвинител, Марко Зврлевски. Пред да ја добие оваа позиција, Гешкоска работеше во Одделот за организиран криминал.

„Фокус“ се обиде да стапи во контакт со претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, за да одговори кога ќе распишат оглас за избор на шеф на скопското јавно обвинителство, но тој не одговараше на нашите повици.

- Advertisements -

Во игра се две сценарија околу местото шеф на скопското обвинителство. Откако, Советот на обвинители и официјално ќе распише конкурс, постои можност на местото на Гешковска да дојде нејзинот заменик. Другата опција е таа да шефува и по 15 мај, во рок од шест месеци, додека трае конкурсот и додека да се избере нов шеф на скопското обвинителство.

Гешкоска беше и дел од бомбите кои ги објави СДСМ, односно во телефонски разговор ја споменуваа поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Еве дел од бомбата:

Мијалков: Види, утре треба да се бираат, ќе ја бираме Гордана Гешковска, знаеш тоа?Јанкулоска: Аха, да, да, нели тоа шо договоривме.
Мијалков: И треба да се бира еден јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.
Јанкуловска: Аха. Така.
Мијалков: Дали имаш ти некоја ургенција?
Јанкуловска: Абе види, нели тогаш ги гледавме ние заедно ако ти текнува, кога бевме кај Марко. Ние ургенции имаме, ама работава е што таму по закон само со академија може да се бираат. И тоа беше проблемот. Знаеш, нема веќе од надвор.

Поврзани новости